Седум лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Сподели со своите пријатели

Седум лица се повредени, од кои едно потешко при судир на две возила на регионалниот пат Куманово – Липково.

Loading...

– На 04.04.2021 во 21.30 чaсот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, кај селото Опае, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „сеат ибица“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(51) од село Липково и патничко моторно возило „бмв 730“ со швајцарски национални ознаки, управувано од А.С.(26) од село Опае, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „сеат ибица“, Р.М.(43) од с.Липково, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште четири сопатници од двете возила, констатирани во Ургентниот центар Куманово.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply