Зборовите на родителите имаат неверојатна моќ. Тие можат да му помогнат на детето да развие здрава самодоверба или да остават длабоки емоционални лузни.
Иако многу секојдневни фрази може да изгледаат безопасно, нивната зачестеност и тон може да имаат долгорочни последици за развојот на децата.
Еве седум фрази кои, според психолозите, родителите треба да ги избегнуваат за да ја зачуваат здравата и позитивна комуникација со своите деца.
„Ме разочара“
Оваа фраза предизвикува детето да се чувствува виновно и го поттикнува да мисли дека секогаш е неопходно да се исполнат родителските очекувања за да биде вредно.
Детето кое ги слуша овие зборови може да развие страв од правење грешки и чувство дека неговите успеси не се доволно ценети.
„Зошто не можеш да бидеш како…“
Споредбата со другите создава чувство на инфериорност кај децата.
Честото користење на оваа фраза може да предизвика завист и комплекси, правејќи го детето да чувствува дека никогаш нема да биде доволно добро.
„Престани да кукаш, тоа не е проблем“
Кога родителите ги обезвреднуваат детските емоции, децата почнуваат да ги потиснуваат сопствените чувства и се повлекуваат во себе.
Таквиот став може да доведе до тоа детето да се чувствува неприфатено или неважно.
„Пречуствувелен/на си“
Нарекувањето на детето пречувствително може да го натера да се срами од своите емоции и да ги гледа како слабости.
Чувствата се нормални и децата треба слободно да ги изразуваат за да научат да управуваат со нив.
„Не можеш ништо да направиш како што треба“.
Оваа фраза предизвикува чувство на неспособност. Критикувањето на секој чекор на детето може да го обесхрабри да пробува нови работи и да ја намали неговата верба во сопствените способности.
“Се срамам од тебе!”
Оваа изјава ја пренесува пораката дека детето е срам за семејството, создавајќи кај него чувство на вина и несигурност.
Наместо тоа, родителите треба да ја насочат критиката кон однесувањето на детето, а не кон личноста на детето.
„Јас те одгледав, а ти…“
Оваа фраза го манипулира чувството на должност кон родителите и му влева вина на детето.
Така, детето може да чувствува дека неговите потреби не се важни во споредба со очекувањата на родителите.
Зборовите на родителите создаваат основа за самодовербата и емоционалната благосостојба на децата.
Наместо да споредувате, понудете поддршка и признајте ја уникатноста на децата.
Професионалната поддршка може да им помогне на родителите да развијат поздрави модели на комуникација со своите деца.