Седниците на Советот на Општина Куманово од денес во живо на ТВ „Плус“ (видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановската локална Телевизија „Плус“ од денес започна со емитување на седниците на Советот на Општина Куманово во живо, откако пред неколку години советниците ја изгласаа одлуката за јавно емитување на истите.

Доцнењето на имплементацијата на оваа одлука беше резултат на недоволните технички способности на локалните медиуми интегрално и во живо да ги пренесуваат седниците, но откако за тоа се створија услови денеска се стави почеток на историски момент во работата на Советот.

Градоначалникот Зоран Дамјановски задоволен што конечно оваа одлука ќе биде реализирана.

Денеска направивме да не кажам историски, меѓутоа многу важен чекор во однос на транспарентноста и демократизацијата, бидејќи Куманово е предводник на слободарски и демократски дух. Овој пренос ќе се врши на две телевизии на македонско јазично подрачје и албанско јазично подрачје – изјави Дамјановски.

Јавниот пренос на седниците е голем чекор во однос на транспарентноста на работењето на Советот на општината, која до претходната седница ја снимаше својата работа, а подоцна материјалот беше достапен на интернет сајтот на општината.