„Сеат леон“ целосно изгоре по судир со две товарни возила кај село Војник (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Автомобил „сеат леон“ целосно изгорел по сообраќајка со две товарни возила што се случила вчера на магистралата Куманово – Крива Паланка кај селото Војник.

Loading...

 

 

– На 09.07.2025 околу 14.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во атар на с.Војник, општина Старо Нагоричане се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „волво“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.П.(49) од Радовиш, товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(30) од Куманово и патничко возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.В.(46) од с.Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, информираат од Секторот за внатрешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Куманово затекнати како палат кабли, полицијата ги приведе (ФОТО)

 

 

Loading...

Во незгодата, како што додаваат од полицијата, нема повредени лица, а патничкото возило „сеат леон“ целосно изгорело.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски