Се затвора најпознатиот свингерски клуб во Британија

Сподели со своите пријатели

Еден од најпознатите свингерски клубови во Велика Британија, The Attic во градот Дерби наскоро ќе ги затвори вратите.

Loading...

Клубот има околу 20 вработени, 43 специјално опремени соби за уживање, кино за возрасни, а се фалат дека знаат да примат и до 500 гости дневно.

Но, зградата во која се наоѓа е продадена и клубот доколку сака да продолжи со работа мора да најде нова локација.

„Луѓето од Шкотска, Англија, Велс, Ирска доаѓаат кај нас со години… Имаме двојка од Франција која нѐ посетува еднаш месечно. Ние сме инклузивни и имаме посебни ЛГБТК вечери. Сите возрасни овде, без разлика на тоа каков сексуалните преференции отсекогаш биле добредојдени“, изјави 75-годишниот сопственик Рон Ротвел за Daily Star.

„Ако не најдеме нова локација, ќе мораме да го затвориме клубот засекогаш. Тоа ми го крши срцето. Се обидовме да договориме нешто преку градскиот совет, но досега без успех. Вложивме многу труд за се ова, ние постојано растеме…“, продолжува тој.

Тој објаснува дека помош му понудиле и членовите на клубот, а корисниците постојано прашуваат за иднината на The Attic.

Клубот организира тематски вечери и има многу јасен кодекс на однесување.

Повеќето вечери е невозможно да се влезе во клубот ако сте сами, а билетот за просечна вечер е околу 13 евра.

Loading...

„Знам дека ова не е за секого, но луѓето што дојдоа кај нас беа среќни. Никому не му пречевме“, заклучил несреќниот сопственик.