На почетокот на јули возачот на турбоџет камион Петербилт загина во несреќа на аеромитингот „Бетл Крик“ во американската држава Мичиген.
Тоа беше последното демонстративно возење на камионот познат како Shockwave, но и на неговиот возач. Крис Дарнел загина откако камионот се запали со полна брзина и се преврте неколку пати.
Страшна несреќа како дел од демонстрацијата на моќта на овој познат камион е снимена со камера. Причината за несреќата ќе се знае по истрагата, но се претпоставува дека пукнала една гума.
Thoughts and prayers to Chris Darnell and the rest of the Darnell family. Terrible accident today at the Battle Creek Airshow. #airshow #shockwavejettruck pic.twitter.com/pQ7uWwminR
— Nate Burrows (@HawkeyeAvGeek) July 2, 2022
Да потсетиме дека камионот Peterbilt 259 е произведен во далечната 1984 година. Но, малку остана исто по преработката потпишана од таткото на жртвата, Нил Дарвинг. Наместо класичен дизел мотор, Shockwave доби три турбомлазни мотори Westinghouse J34-48 од мали борбени авиони.
Благодарение на моќта од 36.000 КС, овој камион можеше да забрза до 605 km/h, а трошеше и до илјада литри керозин по возење. Се разбира, немал сопирачки, заприра со падобрани.