Се заканил на Фејсбук дека ќе го крене во воздух австрискиот канцелар, го сместиле на психијатрија

Сподели со своите пријатели

Поради заканите испратени до австрискиот канцелар Себастијан Курц, судот во Грац донесе пресуда за сместување на Стиријан во психијатрија.

Loading...

– Ќе кажам само уште еднаш – Себастијан, ќе те кренам во воздух – напиша осудениот на својот Фејсбук.

Бидејќи не следела реакција, тој понатаму му напишал на Курц дека, доколку не одговори, ќе го „разнесе целиот Хофбург“.

Ниту Курц не реагирал на овие закани, но обвинителството реагирало и започнало истрага.

Обвинителот посочи дека е јасно дека обвинетиот му се заканувал на Курц со смрт и експлозив.

 

 

Loading...

Адвокатот на обвинетиот се обидел да ги ублажи заканите, велејќи дека не е сигурен дека Курц воопшто го забележал она што го напишал.

Обвинетиот рече дека е точно дека тој го напишал тоа, но и дека избришал се, како и дека бил во вонредна психичка состојба по смртта на неговата мајка и затоа што неговата сопруга со три деца го напуштила.

– Каква врска има Курц со тоа? Тој не е задолжен за вашите деца – праша судијката Ангелика Хакер, на што тој одговори дека е лошо расположен и дека го смета Курц за добар политичар.

Форензичкиот експерт психијатар Манфред Валц дојде до заклучок дека обвинетиот страда од биполарно растројство, со манија за следење.

Инаку, обвинетиот на телото има истетовирано сите датуми на болест и хоспитализација, а психијатарот му предложи на судот да го стави обвинетиот на лекување во психијатрија, што судот го прифати.