Се врати Џокер од 2017 година: Ги напаѓа мобилните телефони, скриен во апликациите и може да ја испразни вашата сметка

Сподели со своите пријатели

Белгиската полиција предупреди за враќање на вирусот Џокер, кој ги напаѓа уредите со Android и се крие во разни апликации во продавницата на Google Play.

Loading...

Овој злонамерен софтвер може да се претплати на платежни услуги без нивно овластување и да ги испразни нивните банкарски сметки без дури и да го забележите тоа.

Белгиските власти велат дека оваа злонамерна програма, односно малициозен софтвер, била откриена во осум апликации на Play Store, кои биле потиснати од Google. Џокер стана познат во 2017 година, токму затоа што ги „зарази“ и ги ограби своите жртви криејќи се во разни апликации.

 

 

Оттогаш, одбранбените системи на Google Play Store отстранија околу 1.700 апликации со Џокер, пред корисниците да ги преземат. Во септември 2020 година, овој малициозен софтвер беше пронајден во 24 Андроид апликации кои регистрираа повеќе од 500 илјади преземања пред да бидат отстранети.

Се проценува дека во тоа време влијаело на повеќе од 30 земји, вклучувајќи ги САД, Бразил и Шпанија. Преку неовластени претплати, хакерите би можеле да украдат и до 7 долари неделно за претплата, бројка која најверојатно се зголеми во последните месеци.

Loading...