Жена од Велика Британија дури неодамна сфатила ека мажот, со кој влегла во врска на факултет, всушност го запознала да еден одмор кога имала шест години.
Хајди Паркер (27) открила дека својот сопруг Ед Савит го запознала во далечната 1997 година на одмор во Турција.
Години по таа случајна средба, станале пријатлеи на Универзитетот Њукастл, а сега се во брак.
Тие живееле во ист дом во Универзитетот, но не во исто време. Едн еднаш барал помош од Хајди затоа што не знал како да ја вклучи машината за алишта. Таа му помогнала и од тогаш станале пријатели.
По свршувачката во 2015 година, ручале со своите мајки, кога едната од нив дошла до неверојатно откритие.
– Мојата мајка тогаш рече дека на одмор во Турција како мала сум имала момче кое се викало Ед. Подоцна ми испрати фотографија од тој одмор и јас сфатив дека тоа е мојот сопруг Ед, рекла Хајди.
Како што раскажала, воопшто не се сеќава дека запознала момче во име Ед, но судејќи по фотографиите, многу време минувале заедно.
Потоа и неговото семејство пронашло слични фотографии од истиот одмор, а тие фотографии ги искроистиле и за поканите за свадба.