Лорен Годрич (27) и Арон Кембел (53) се запознале кога имала 20 години и дошла како медицинска сестра да ги чува децата на Арон. Главната причина што ја вработиле е неговата тешко болна ќерка Тори, која во тоа време имала 17 години.
Имено, Тори страдала од ретко и неизлечиво нарушување, метохроматска леукодистрофија. Што значи дека нејзините ментални и мускулни функции полека пропаѓале една по една.
За жал, таа починала во 2014 година и по 6 месеци од смртта на нејзината ќерка, Арон започнал врска со Лорен.
Иако врската на почетокот не била романтична, бидејќи Арон бил оженет и Лорен била свршена, овој пар сепак се изборил за својата љубов.
Инаку, Арон е само четири години постар од нејзиниот татко.
– По една и пол година, татко ми се помири со мене дека излегувам со постар човек. Поддршката на семејството е многу важна за мене – забележува оваа девојка.
Според парот, тие најмногу се плашеле од осудата на семејството на Арон и долго време ја криеле својата љубовна врска.
„Беше прилично стресно бидејќи се обидувавме сè да остане во тајност“, рекоа Арон и Лорен.
– Ја разбирам реакцијата на нејзиниот татко, бидејќи не би бил среќен ако мојата ќерка се забавуваше со постар човек – искрен е Арон.
По некое време, нивните семејства немаа друг избор освен да ја прифатат нивната врска и да ги поддржат.
Сепак, како што наведуваат, околината има поделено мислење за нивната љубовна врска.
– Луѓето се природно љубопитни и непријатни кога ќе се сретнат со нас за прв пат. Повеќето мислат дека Лорен е моја ќерка или дека е со мене само поради пари и понекогаш ги повредува моите чувства – вели Арон.
Лорен, пак, не ја трогнат туѓите коментари, бидејќи, како што вели, ја знае вистинската и единствена вистина за нивната љубов.
– Луѓето секогаш ќе коментираат негативно, но единственото нешто што ми е важно е дека се сакаме – заклучи оваа девојка.