Руски пилот загина во средата по падот на повеќенаменскиот ловец МиГ-29 во регионот Астрахан во јужна Русија, јави агенцијата РИА, повикувајќи се на министерството за одбрана.
Леталото МИГ-29 било на рутинска мисија кога се урна во полигонот Ашулук.
Според РИА, се испитуваат причините за несреќата.
Тоа е втор фатален инцидент во последните два дена со руски воени авиони. Прототип на воен транспортен авион Иљушин Ил-112В со тројца членови на екипажот се урна во понеделникот за време на пробен лет во московскиот регион.

