Се урна покривот на аеродромот во Њу Делхи, еден маж загина

Сподели со своите пријатели

Покрив на најголемиот аеродром во главниот град на Индија Њу Делхи се урна во петокот поради силен дожд и ветрови, при што загина едно лице и предизвика откажување на летовите, соопштија властите.

Loading...

Дел од покривот во реонот на терминалот за поаѓање на аеродромот се урна рано изутрината, а неколку лица се повредени, изјави за новинарите индискиот министер за авијација.

Целиот терминал, еден од трите на најпрометниот аеродром во земјата, беше евакуиран и беше наредена истрага за колапсот, рече министерот Кинџарапу Рамохан Наиду.

Педесет домашни летови се откажани или одложени, според платформата за следење летови Flightradar24.

Осум повредени се пренесени во болница, изјави Атул Гарг, директор на пожарникарската служба во Делхи.

Индиската телевизија го прикажа таксито смачкано под скршен метален столб на влезот на терминалот, кој главно го користат нискобуџетните превозници IndiGo и SpiceJet за домашни летови.

Инцидентот се случил во 5 часот по локално време, што вообичаено е зафатено време за домашни летови, се вели во соопштението на аеродромот објавено на X.

Околу 148,5 милиметри дожд паднаа во областа на аеродромот во текот на три часа, што е повеќе од просекот за цел јуни, според Индискиот метеоролошки завод.

Loading...

Многу други делови на Делхи исто така беа поплавени, а автомобили беа заробени во вода висока метар.