Се урна моќен американски авион Ф-16 во близина на Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Американски воен авион Ф-16 денеска се урна во морето кај западниот брег на Јужна Кореја, а пилотот е безбедно спасен, соопшти единицата на американското воздухопловство стационирана во таа земја.

Loading...

Според Ројтерс, тоа е втора несреќа на авион Ф-16 за нешто повеќе од еден месец во Јужна Кореја.

Како што е наведено во военото соопштение, авионот F-16 Fighting Falcon доделен на 8-то борбено крило доживеал „итен случај за време на летот“ над морето и се урнал.

Пилотот, кој безбедно се катапултирал, бил спасен околу еден час подоцна, е свесен и е пренесен во медицинска установа за евалуација.

Градот Гунсан на западниот брег е дом на една од двете главни воздушни бази што ги користи американската војска во Јужна Кореја.

Во декември, уште еден Ф-16 се урна за време на рутински тренинг лет, а пилотот исто така беше спасен, пренесува Ројтерс.