Кинески воен авион се урна денеска во станбена област во централна Кина, при што загинало најмалку едно лице, соопшти кинеската државна државна телевизија CCTV.
Авионот Ј-7 на Народноослободителната војска (кинеска копија на МИГ 27) бил на обука во провинцијата Хубеи кога се урнал.
Падот предизвикал штета на неколку куќи и предизвикал пожари, јавува Си-Ен-Ен.
⚡A J-7 FIGHTER CRASHED IN #XIANGYANG, #HUBEI, 1 DIED, 2 INJURED, PILOT PARACHUTED.-CCTV.#CHINA pic.twitter.com/G9Sd64aCSN
— CN Wire (@Sino_Market) June 9, 2022
Едно лице загина, а две се повредени.
Пилотот, кој претрпел полесни повреди, успешно се катапултирал од авионот и паднал со падобран на земјата пред да се урне авионот, јави државната агенција за медиуми Ксинхуа.
И пилотот и повредените цивили се испратени во болници.
[#China #AirForce A J-7 plane crash#] On the morning of June 9, an Air Force J-7 plane crashed during training and crashed near an airport in Xiangyang, Hubei, causing damage to local houses. At present, 2 people were injured, 1 was killed, and the pilot parachuted successfully pic.twitter.com/ZeTW8gsI1c
— 𝑱𝑬𝑻 𝑵𝒆𝒘𝒔 (@jetvvv) June 9, 2022
Видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат дека некои куќи биле запалени. Несреќата се случила во близина на аеродромот Лаохеку во Ксианџијанг, провинцијата Хубеи.
Во тек е истрага за причините за несреќата.