Се урна израелски хеликоптер, двајца војници загинаа, а неколку се повредени

Сподели со своите пријатели

Двајца израелски војници загинаа, а неколку се повредени откако синоќа се урна хеликоптер на израелските воздухопловни сили во Рафа, во јужниот дел на Појасот Газа, во, како што војската ја опишува како несреќа.

Loading...

Според првичната истрага на израелската армија, хеликоптер UH-60 Black Hawk полетал за Рафа со медицински тим околу 23:30 часот по локално време за да евакуира тешко ранет војник во областа, пишува The Times of Israel.

За време на последната фаза од слетувањето во кампот на израелската армија во Рафах, хеликоптерот удрил во земјата наместо правилно да слета, се вели во соопштението на израелската војска, истакнувајќи дека авионот не бил погоден од непријателски проектил.