Се урна индиски борбен авион (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Борбен авион на индиските воздухопловни сили се урна во западната индиска федерална држава Раџастан, објавија денес локалните медиуми.

Loading...

Двајцата пилоти загинаа?

Инцидентот се случил во округот Чуру, според весникот на англиски јазик „Индијан експрес“.

Се сомнева дека двајца пилоти загинале.

Засега нема официјална изјава за инцидентот. Авионот што се урна најверојатно бил постар модел на Јагуар, првично произведен во британско-француска соработка.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Топлотниот бран во Велика Британија одзеде 263 животи за 10 дена