Се урна хеликоптер со високи воени претставници на Индија, четворица загинати (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Воен хеликоптер со индиски високи воени претставници, меѓу кои и началникот на Генералштабот за одбрана Бипин Рават, се урна во средата во Кунуру. Загинати се четири лица, пишува „Хиндустан тајмс“.

Loading...

Според извештаите, во авионот имало околу 14 лица, а хеликоптерот летал од воздухопловната база Сулур до Велингтон. Досега се спасени тројца службени лица, додека по четврто лице се трага.

Повредените се префрлени во кантонот Велингтон во Нилгирис.

Новинската агенција АНИ објави дека заедно со Бипин Рават, неговиот персонал и некои членови на семејството биле во хеликоптерот од серијата Ми.

Веднаш штом хеликоптерот се урнал, започнала операција за пребарување и спасување од блиските бази, потврдија извори.

Во спасувачката мисија се вклучија и локалното население.

Индиското воздухопловство (ИАФ) објави соопштение во кое го потврди падот на хеликоптерот, како и фактот дека во него летала Равата.

„Хеликоптер на ИАФ Ми-17В5, со генералот ЦДС Бипин Рават, се урна денеска во близина на Кунур, Тамил Наду. Наредена е истрага за да се утврди причината за падот“, соопшти ИАФ.

Loading...