Најмалку десетина ковчези останаа да висат во воздухот откако четирикатната зграда со гробови се урна во понеделникот на најстарите гробишта во Неапол.
Ова е втор ваков инцидент на ова место годинава, а критичарите истакнуваат дека вакви несреќи се случуваат поради лошото управување со гробиштата во јужниот италијански град.
Властите ги затворија гробиштата Поџореале, најголемите во Неапол, додека истрагата за уривањето на мермерната зграда продолжува.
Во моментот на инцидентот, на гробиштата немало посетители бидејќи тој ден биле затворени, пишува The Guardian.
„На колапсот му претходеше удар и густ облак прашина“, рече Винченцо Сантагада, старешина во Неапол одговорен за гробиштата.
Во јануари 300 гробници беа уништени по уривањето на зграда во друг дел од гробиштата.
Семејствата чии починати беа погребани на тие гробишта во вторникот одржаа протест.
„Ова е критична и неприфатлива ситуација. Премногу години, гробиштата во Неапол беа лошо управувани и беа оставени сами на себе, станувајќи жртви на измамници и профитери“, рече Франческо Емилио Борели, регионален советник на партијата Европа Верде.
Во февруари минатата година, 200 ковчези паднаа во морето во северна Италија, откако делови од гробишта се урнаа во лизгање на земјиштето, што исто така уништи две капели.