Руски воен транспортен авион Ан-22 со седум члена на екипажот се урна во регионот Иваново североисточно од Москва, објавија денес руските медиуми.
„Според прелиминарните податоци, авион Ан-22 се урна во регионот Иваново“, изјави локален функционер, а потврдено е дека во леталото имало седум лица, пренесува агенцијата ТАСС.
Несреќата се случила во близина на резервоарот Увод, а фрагменти од авионот биле забележани во водата.
Авионот Ан-22 тргнал на пробен лет по поправките, а според сигурни извори, спасувачките екипи се упатиле на местото на несреќата.

