Се урна американски авион Ф-16

Сподели со своите пријатели

Американски борбен авион Ф-16 се урна денеска, за време на тренинг лет над Жолтото Море кај југозападниот брег на Јужна Кореја, а пилотот безбедно се катапултирал, објавија американски и јужнокорејски воени претставници.

Loading...

Пилотот бил подигнат од јужнокорејските поморски сили и бил свесен и во стабилна состојба, соопшти американската војска.

Како што се наведува, пилотот е вратен во воздухопловната база Кунсан во близина на градот Гусан, каде дополнително ќе се проверува неговата состојба.

Пилотот полетал од воздухопловната база, која ја делат воздухопловните сили на САД и Јужна Кореја, на рутински лет за обука и морал да се катапултира од авионот поради проблем што се случил за време на летот.

„Ние сме им благодарни на нашите сојузници од Република Кореја (Јужна Кореја) за безбедното спасување на пилотот и што тој е во добра состојба“, рече американскиот командант.