Се уредуваат улици во Ајдучка Чешма и Иго Тричковиќ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во Куманово се изведуваат нови градежни активности за подобрување на локалната инфраструктура.

Loading...

Градоначалникот Максим Димитриевски информира дека започна уредувањето со бекатон на крак два од улицата „426“ во населбата Ајдучка Чешма, на потегот познат како Бара.

 

 

Паралелно, истиот процес се одвива и на улицата „421“ во населбата Иго Тричковиќ, каде што се поставуваат бекатонски плочки.

„Ова е чекор напред кон поубаво и поуредено соседство“, порача Димитриевски, потенцирајќи дека активностите се дел од поширока акција за уредување на урбаните средини во градот.

 

Loading...

 

Во населбата Ајдучка Чешма претходно се изврши  бекатонирање на улиците „129“ и „130“. Паралелно во месноста Бараки беа поставени на рабници на улица „2002“, со цел создавање поуреден и побезбеден простор за движење.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со метален предмет оштетил повеќе паркирани возила

Активности се изведуваа и во населбата Карпош, каде ќе се врши бекатонирање на два крака од улица „40“.

Општина Куманово во меѓувреме го асфалтираше патниот правец што ги поврзува селата Вак’в и Пчиња.

Градоначалникот Максим Димитриевски претходно информираше дека во тек е поставување бекатонски плочки на улица „528“ во населбата Ајдучка Чешма, позната како „Бара“.

Целосно се завршени улиците „23“ и „25“ во населбата Карпош, каде е изведено бекатонирање со цел подобрување на пристапноста, функционалноста и безбедноста.

Овие зафати се дел од пошироката програма на Општина Куманово, во рамките на која неодамна беа уредени и улиците „42“ и „43“ во Карпош, а улица „36“ е целосно завршена и пуштена во употреба.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановка нападната во Бунарџик

Паралелно, на улица „25“ се поставени нови бекатонски плочки за подобрување на пристапноста и визуелниот изглед, додека во населбата Гоце Делчев се вршат подготовки за асфалтирање на паркинг простор кај објектот „Шипад“.

Во Карпош, покрај новоуредените улици „42“ и „43“, завршена е и улица „39“ со нова бекатонска површина, а слични работи се изведуваат и на улица „35“.

Никола Ивановски