Се уредува дворот на „Наце Буѓони“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна партерното уредување на дворот на кумановското средно стручно училиште „Наце Буѓони“, информираа денеска надлежните од училиштето. Уредувањето се спроведува согласно завршениот тендер за која беа предвидени околу 3, 3 милиони денари. Градежните активности почнаа околу училишната зграда.

Loading...

 

 

– Предвидено е да се уреди целосно дворот, просторот околу спортската сала да се уреди, да се постават бекатон патеки околу новоизградената спортска сала, да се поврзат работилницата, училишната зграда и спортската сала, асфалтно ќе се поврзе просторот помеѓу дворот и улицата „Бајрам Шабани“. Ќе се поврзат двата влеза околу училиштето и ќе се изгради паркинг-изјави директорот на училиштето, Драган Јаневски.

 

 

Loading...

Наскоро се очекува да почне и инсталацијата на греењто во работилницата која ја користат ученици за практично изведување на наставата, и да почне замена на фасадна столарија, Тендерите за овие активности се завршени, избрани се компании. Од општинскиот буџет беа предвидени да се одвојат по 2,2 милиони денари и за фасадна столарија и за поставување греење во работилницата.

 

 

Училишната зграда е стара повеќе од шест децении, а во ова стручно училиште настава следат околу 2.000 ученици на македонски и албански наставен јазик.

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

Leave a Reply