Се укинуваат визите за Обединетите Арапски Емирати

Сподели со своите пријатели

Македонските граѓани ќе можат да патуваат во Обединетите Арапски Емирати без да имаат потреба од виза, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.

Loading...

„Последната посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На наше барање, тие ги укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја!

Наскоро со конкретната примена на одлуката за без визното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство.

Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Петрушевски оствари средба со амбасадорката на Република Србија

Нека е честито“, напиша Мицкоски во својата Фејсбук објава.

Никола Ивановски