Се укинува пролетниот распуст за учениците

Сподели со своите пријатели

Пролетниот распуст за учениците ќе замине во историја по само една учебна година применување.

Ова денеска го најави министерката за образование и наука Весна Јаневска, која потенцираше дека учебната година ќе завршува на 10 јуни.

-Нема да има пролетен распуст. Финалните анкети на родителите покажаа дека тие не сакаат, но и на повозрасните ученици, исто така, така што оваа година, пролетен распуст нема да има, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарски прашања.

Освен за матурантите, претстојната учебна 2024/25 година ќе започне на 2 септември и ќе трае до 10 јуни.

Пролетниот распуст го воведе претходната влада, се примени само еднаш од 29 април до 6 мај годинава, а учебната година затоа беше продолжена за основците до 17 јуни.

Никола Ивановски