Смртта на еден од најголемите сопственици на биткоин, Мирчеа Попеску, доведе до несигурност на пазарот на крипто поради милијардите долари во криптовалутата што тој ги поседуваше.
40-годишниот милијардер се удавил во Костарика, објавија шпанските медиуми.

Попеску, романски претприемач и блогер, започнал размена на биткоински хартии од вредност во MPEx во 2012 година и се здобил со големо богатство.
Неговото богатство беше проценето на скоро две милијарди долари во биткоини во средината на април годинава, но оттогаш веројатно се намалила драматично. Тој, наводно, имал контрола над повеќе од милион „монети“.

Веста за смртта на Попеску предизвика шпекулации за тоа што ќе се случи со неговото огромно богатство.
Со оглед на тоа што тој поседувал огромна количина на биткоин, чие ископување е многу тежок и скап процес, неговата ненадејна смрт може да влијае на вредноста на оваа крипто валута.

