Се тампонираат патеките на градските гробишта во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На градските гробишта во Куманово започна тампонирање на внатрешните патеки, информираат од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Според нив, во изминатиот период извршено е тампонирање на најоштетените делови од уличките со материјал од гребен асфалт.

 

 

Од претпријатието појаснуваат дека интервенцијата е насочена кон деловите каде што најчесто се создаваат бари и кал по врнежи, што го отежнува движењето на посетителите.

Како што посочува директорот Сашо Томиќ, на располагање имале ограничени количини материјал, па приоритет добиле најкритичните локации, за кои и самите граѓани упатувале реакции.

 

 

Активностите, најавува тој, ќе продолжат и во наредниот период, а во план е и уредување на уличките во новата парцела на гробиштата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Училишта од Куманово добија нови фасади во проект со Шведска и УНДП (ВИДЕО)

Покрај тоа, претходно на оваа локација беше поставена дополнителна урбана опрема за одлагање отпад, откако граѓани укажале на недоволен број садови за смет.

Отпадот од цвеќе и гранки се собира и транспортира редовно, двапати неделно, поради зголемениот обем, а чистењето го вршат екипи на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“.

Никола Ивановски