Се тампонираат и санираат улици во руралните подрачја во кумановско

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово почна со тампонирање и санација на улици во рурални подрачја во општината, информираа денеска надлежните од секторот за комунални дејности.

Loading...

Во тек се градежни активности за санација на улици во неколку населени места во приградските населби како што се улицата „Јоско Илиевски“, „Амбар маало“, „Ѓуро Пуцар Стари“.

Во моментов екипи на изведувачот работат и на санација и поставување на гребен асфалт и во неколку населени места во „Прмакови Ниви“ и во село Речица.

Општина Куманово на јавен тендер во средината на мај годинава, избра компанија за градежни работи и тампонирање на сообраќајници на подрачјето на општината. Општината одвои 2.728.278 денари со вклучен данок на додадена вредност за тампонирање на улиците во кумановско

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Косматац – Кумановско село кое го основале Черкезите

Договорот како што е објавено на електронскиот систем за јавни набавки е склучен на 9 мај годинава. На повикот се пријавиле шест компании од државата.

Највисока добиена понуда била 5.993. 000, најниската 2.314. 500 денари. На повикот избрана е компанијата од „Фишер Тихи ДОО увоз-извоз“ од населбата Карпош Куманово.

Договорот помеѓу општината и избраната компанија има важност од 12 месеци. Изведувачот е должен да ги заврши работите во рок од 45 дена по добивањето на налогот од општината.

МИА

Loading...