Се тампонира пат во село Довезенце, градежни активности и во Орашац (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово реализира повеќе активности за подобрување на патната инфраструктура во селските населби.

Во моментов се изведуваат градежни работи за тампонирање на патот кон село Довезенце.

 

 

Овој зафат е дел од континуираните напори за олеснување на секојдневниот живот на жителите во руралните средини и создавање услови за поттикнување на локалниот развој.

 

 

Паралелно со тоа, во село Орашац се врши одржување на дел од патната инфраструктура со поставување на гребан асфалт.

 

 

Со ваквите активности, општината најавува дека ќе продолжи со подобрување на условите во населените места надвор од градското подрачје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патот Кратово – Ранковце целосно се затвора поради изградба на Коридорот VIII

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски истакна дека приоритет останува инвестирањето во патната мрежа, како основа за подобрување на животот и можностите на жителите во руралниот дел од Куманово.

 

 

Во меѓувреме во тек се градежни активности за бекатонирање на улицата „440“ во населба Иго Тричковиќ.

 

Никола Ивановски