СЕ СТОПИ СФИНГАТА: Исчезна најдолготрајниот снег во Британија, стар 300 години

Сподели со своите пријатели

Парчето снег наречено Сфинга, кое се наоѓа на шкотската планина Брерија, се смета за најдолготрајниот снег во Велика Британија. Во последните 300 години се стопил само 8 пати.

Loading...

Според записите, Сфингата претходно целосно се стопила во текот на летото 1933, 1959, 1996, 2003, 2006, 2017 и 2018 година.

Се верува дека до 1933 година, последен пат целосно се стопило во 18 век.

Сфингата во последните недели се намали на А4 хартија пред целосно да исчезне благодарение на топлото време, пишува Би-Би-Си.

Се наоѓа во празнина формирана од глечер во последното ледено доба, на 1.296 метри надморска височина.