На годишната технолошка конференција, компанијата „Бош“ откри дека размислува како да се реши проблемот со милиони километри при продажба на половни автомобили.
Некогаш одвртување и внимателно враќање на километрите наназад, денес лаптоп со кабел споени на OBD II приклучот и автомобилот кој во Германија имал 256.000 километри одеднаш има 106.000 километри во огласот кој го читате. Намалувањето на километрите е една од најчестите пракси на валканите трговци со половни автомобили, но „Бош“, компанија чии делови и компоненти ги има во голем број автомобили, тврди дека има решение за проблемот.
Компанијата најави дека со технологијата позната како „blockchain“ ќе се спречува измамата. Таа на корисниците им фарантира безбедно споредлување на податоците преку интернет вкулувајќи и трети лица. Технологијата се темели на еден вид децентрализирана база на податоци која внесените информации ќе ги дистрибуира на илјадници компјутер. Поради тоа ќе биде невозможно да се фалсификуваат податоците.
Планот е да се борат со измамниците со помош на дигиталните записници на голем број компјутер. Автомобилите редовно ќе испраќаат нподатоци од бројачи за километри до тие конектори. По пат на апликација на паметните телефони сопствениците на автомобилите ќе можат да ја проверат реалната километража во секој момент и да ја споредат со разликата во возилото.
Доколку сакаат да го продадат својот автомобил, може да им се издаде потврда за точноста на километражата на автомобилот. Исто така е можно да се сподели таа потврда на интернет, пр. на платформа за продавање на автомобили.
Loading...