Додека некои во љубовните врски претпочитаат да се потпираат на сопствените инстинкти, други го прават тоа, кога се сомневаат дека партнерот нешто крие од нив; тие претпочитаат да се обратат кај стручно лице за помош и да најдат приватен истражител кој се занимава со неверни сопружници.
Една од нив е Британката Али Марш, која, како што вели, открила десетици вонбрачни афери во четирите години со кои се занимава, и таа сподели неколку знаци кои можат да помогнат да се идентификува неверниот партнер.
„Еден од моите први клиенти беше човек кој забележа дека неговата сопруга станува ладна и оддалечена, а таа излегуваше секоја среда навечер и се враќаше дома со многу подобро расположение“, рече Марш.
Таа вели дека брзо забележала дека и нивниот сосед заминува и се враќа во исто време со жената, па ги следела и открила дека се во врска.
Обично многу брзо дознавам дали некој изневерува, а најдолго ми требаа три недели – изјави приватен истражувач кој вели дека ова се четирите најчести предупредувачки знаци дека партнерот има „некој на страна“:
- Промени во изгледот и облекувањето – често човек одеднаш се труди повеќе да изгледа добро.
- Промена на днвната рутина – ако вашиот партнер, на пример, одеднаш остане буден до доцна на работа што никогаш претходно не ја направил или излезе во време што претходно не би го направил, можно е да е неверен.
- Одеднаш е фокусиран на вежбање – ако беше на каучот во текот на вашата врска, а сега одеднаш редовно вежба и оди во теретана, можеби ќе треба да се запрашате што го „го тера“.
- Редовни телефонски повици и напуштање на просторијата за да одговори- Ова можеби е нешто што сите сме го виделе во филмовите, но добро е да се забележи, објасни таа за Mirror.