Се сомневала дека во домот имала змии, надлежните институции во неверување кога пристигнале во куќата

Сподели со своите пријатели

Во куќа во Санта Роса Калифорнија, САД се пронајдени повеќе од 90 отровни змии, а целата акција започнала кога една жена се јавила во службата за спасување на рептили, бидејќи се сомневала дека има змии во нејзината куќа.

Loading...

 

 

Следниот ден, шефот на службата, Ал Волф, дошол на адресата и нашол змија на лице место, а кога почнал да истражува подетално, забележал уште неколку влекачи, а потоа сфатил дека има цел гнездо на змии во таа куќа што се размножуваа со текот на времето.

Ова се отровни западни звечарки, кои се сметаат за еден од најсмртоносните видови змии во Калифорнија.

На службата за отстранување и контрола на влекачи им биле потребни речиси четири часа за да ја истребат куќата од змиите.

 

Loading...

 

Прво извадиле 22 возрасни змии и 59 младенчиња, а потоа шефот на службата двапати се вратил да ја прегледа куќата и пронашол уште 11 змии.