Кенди се сомневала во верноста на својот партнер Џо, па барала да биде ставен на полиграф. И покрај тоа што добиле и дете, 23-годишната жена се сомневала во својот сопруг затоа што признал дека е слаб на постари жени, па ја презела работата во свои раце.
Имено, една вечер Џо излегол од нивната спална соба во 4 часот наутро. кенди веднаш се посомневала дека отишол во собата на нејзината 65-годишна баба Керол и дека ја изневерил со неа.
Порати тоа се пријавила во популарното американско шоу „The Maury Show“ за да ја дознае вистината. Но, кога нејзиниот парнер го приклучиле на детектор за лага, открила нешто на што не се надевала. Нејзината 65-годишна баба негира дека спиела со момчето на својата внука.
– „Искрено, пушевме марихуана заедно. Тоа е вистината“ – рекла бабата. Иако Кенди не и поверувала, полиграфот открил дека тоа е вистина и се покажало дека Џо не спиел со Керол. Но, Кенди затоа открила други работи за таткото на своето дете, а во кои никогаш не се сомневала. Откриено е, имено, како Џо плаќал за сексуални услуги додека бил во врска со Кенди и дека ја изневерувал додека таа била на работа.
Таа очекувано била скршена, а Џо ја признал вината. Но, барем повеќе не се сомневала во својата баба.
Loading...