Пациент со симптоми слични на оние на смртоносниот вирус Марбург е примен во универзитетска болница во Валенсија, Шпанија, објавија шпанските медиуми.
Станува збор за маж (34) кој неодамна бил во Екваторијална Гвинеја, каде што изби инфекција со овој вирус.
Биолошките примероци на пациентот беа испратени во референтната лабораторија на здравствениот институт Карлос III во Мадрид за потврда на случајот.
Мажот бил префрлен од приватна болница и примен во Одделението за изолација на високо ниво на Универзитетот во Ла Фе де Валенсија и Политехничката болница, што гарантира безбедност и на неговата нега и на заштитата на здравствените работници кои го лекуваат.
Во средината на февруари Светската здравствена организација потврди дека има појава на вирусот Марбург во Екваторијална Гвинеја.
Станува збор за вирус кој предизвикува болест од која умираат околу 50 отсто од заразените.
Симптомите вклучуваат треска, исцрпеност, како и траги од крв при повраќање и дијареа.
Вирусот е редок кај луѓето, но станува многу заразен кога ќе премине на човечки домаќин.