Фитнес инфлуенсерот Вем Бриче беше снимен како јаде сиров говедски мозок и шест сирови јајца, а видеото беше објавено на 14 март и до денес собра 11,7 милиони прегледи.
Бриче во видеото вели дека ќе покаже како изгледа „појадок богат со протеини ако немате време да готвите“.
Потоа почнува да јаде сиров говедски мозок додека пие сурови јајца од чаша.
Неконвенционалниот појадок ги шокираше луѓето. Некои истакнаа дека суровите јајца не им се толку чудни, иако експертите истакнуваат дека јадењето неварени јајца го зголемува ризикот од инфекција со салмонела, како и дека се помалку хранливи бидејќи протеините од јајца полесно се апсорбираат кога оваа храна се готви.
@weambreiche High protein breakfast #fypシ #fyp #viral #carnivore #weambreichecarnivore #rawcarnivore #nosetotail #rawmeatdiet #raworgans ♬ original sound – Weam Breiche
Некои изразија загриженост за безбедноста на суровото месо. Имено, консумацијата на сирово месо може да биде поттик за развој на прионска болест, која може да предизвика нарушување на меморијата, промена на личноста и отежнато движење.
Затоа експертите апелираат до луѓето да избегнуваат да јадат сирово месо бидејќи тоа го зголемува ризикот од заразување со болести кои се пренесуваат преку храна.
„Кога јадете сирово месо, ризикувате труење со храна. Месото може да содржи паразити како црви или тенија“, предупреди диететичарот Бони Тауб-Дикс од Insider.
Вообичаени патогени во суровото месо и органите вклучуваат Ешерихија коли, салмонела, кампилобактерија и листерија.
Според Healthline, животинскиот мозок е богат извор на омега-3 масни киселини, кои можат да го подобрат здравјето на срцето и крвните садови. Сепак, јадењето на оваа храна сè уште се препорачува да се избегнува бидејќи може да доведе до зголемен ризик од говедска спонгиформна енцефалопатија (ГСЕ), исто така позната како кравјо лудило.
Според Johns Hopkins Medicine, луѓето кои јадат контаминирани мозоци може да развијат деменција, вкочанетост на мускулите и тешкотии во говорот.
Бриче на својот канал на Јутјуб наведува дека не е лекар и дека ниту едно негово видео не треба да се смета за медицински совет.
Тој, исто така, забележува дека „конзумирањето сурово месо може да биде опасно ако не е добро подготвено“.
Тиктокерот има 100.000 следбеници, додека неговиот канал на YouTube има 1.000 претплатници.