Се шири шумскиот пожар на германско-чешката граница

Сподели со своите пријатели

Шумскиот пожар што ја зафати областа од двете страни на границата меѓу Германија и Чешка се шири и се заканува да го уништи познатиот национален парк.

Loading...

Пожарот што избувна за време на викендот и го зафати регионот Чешка Швајцарија на чешката страна и Националниот парк Саксонска Швајцарија на германска страна, изгледаше под контрола, но рано утринава повторно се прошири, јавува ДПА.

Неколку стотини пожарникари од двете страни на границата го гаснат пожарот со помош на колеги од Полска и Словачка.

Властите ги предупредија туристите да не доаѓаат во областа.

Во моментов зафатени се околу 250 хектари шума, а во гаснењето на пожарот помагаат и осум хеликоптери.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вооружени напаѓачи киднапираа 45 лица во северна Нигерија