Се сеќавате ли на популарната кравичка? Скоро да не постоела куќа во поранешна Југославија која нема барем една таква шолја.
Многумина одраснаа со помош на овој сладок производ кој се купуваше и во пакувања од три килограми, но знаете ли зошто и како содржината исчезна од полиците на маркетите?
За се е виновна „Нутела“ која доминираше на пазарот од своето настанување и обидот да допре и до затворениот југословенски пазар. И така во почетокот на седумдесетите години во италијанската фабрика „Фереро“ во Италија настанала легендарната „киндер-лада“.
Произведувачот на нутела кремот одлучил да се пробие и на рестриктивниот пазар на СФРЈ со давање лиценца на компанијата „Подравка“ за новиот брен на чоколадно-млечен намаз, „киндер-лада“.
Еден од условите за да дојде до соработка било „киндер-лада“ да се направи од суровини кои ги користи компанијата „Фереро“, со акцент на посебен вид лешници и млеко. И станал хит и омилен чоколаден намаз во поранешна Југославија.
Кога се распадна Југославија, „Нутела“ започна да се појавувува низа македонските, босанските, хрватски, српските, словенечки и црногорските маркети. „Фереро“ одлучил дека „киндер-лада“ повеќе не е потребна, па во 1995 година „Подравка“ престанува да ја произведува.
Иако „киндр-лада“ имала огромна продажба, сепак Италијанците ја форсирале продажбата на својата „Нутела“.
https://www.youtube.com/watch?v=6Lz-aJYt-KA
Loading...