Се садат листопадни и зимзелени садници на повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Екипите на јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ Куманово, денеска садеа листопадни садници, перени и украсни грмушки на повеќе локации во градот. Со дел од листопадните садници формиран е нов дрворед на улицата „Гоце Делчев“, обновени се постоечките дрвореди на „Народна Револуција“.

– Во тек е формирање на нови дрвореди на повеќе локации во Куманово и дополнување на стари дрвореди со нови 250  листопадни садници од страна на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово. Во следниот период ќе засадиме дополнително уште 200 зимзелени садници, 350 перени и 200 украсни грмушки. Ќе продолжиме и понатаму да ја озеленуваме и разубавуваме нашата животна средина- соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Одговорните од јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ информираат дека садниците се нивно сопствено производство од расадникот.

Вчера, екипите садеа платан, бела бреза, каталпа, јасен, жални врби на улиците „Гоце Дечлев“, „Народна револуција“, „Бајрам Шабани“, покрај Поток Серава, се дополнуваат жардиниерите на двата булевара со украсни грмушки, на плоштадот и градскиот кеј се садат перени и украсни грмушки.

Претходно, во Куманово беа насадени  сто садници, листопадни дрвја, платан, липа и јасен, жална врба кај улицата „Октомвиска револуција“ на почетокот и средишниот дел од булеварот и кај автобуската станица.

Претходната година беа извршени и повеќе акции за пошумување на локалитетот Спомен Костурница и под градските гробишта.

Leave a Reply