СЕ РОДИЛА СО ЧЕТИРИ НОЗЕ: Нејзиното тело на крајот многумина сакале да го купат (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Џозефин Мертл Корбин била најобично девојче. Изворите велат многу паметна и талентирана за музика. Кога се родила била малку потешка од просечно дете, а породувањето минимално го искомплицирал фактот дека била свртена бочно, па лекарите морале кратко да интервнираат.

Loading...

И покрај тоа бебето било силно. Растело со нормално темпо. Единствен сиклучок кој Мертл ја правел поинавка од останатите е што имала четири нозе.

Нозете од „надворешна“ страна биле оние силни и „нормални“, на нив Мертл одела, додека внатрешниот пар биле малку помали, потекни и пократка верзија на вистински нозе. Лекарите, не знаејчи ја вистинската дијагноза, шпекулирале.

 

 

Една од причините за деформација која ја навеле е десетгодишната разлика помеѓу родителите. Таткото Вилијам имал 25, а мајката Ненси 34 години.

Но, лекарите и забележале дека парот необично наликувале еден на друг. Двајцата биле црвенокоси, со сини очии многу светла кожа. Толку биле слични што лекарите секаде морале да напоменуваат дека не се во никакво блиско или далечно сродство.

Loading...

Но, ниту едното, ниту другото ја објаснувало нејзината состојба, нејзините родители имале седум други деца кои биле совршено „нормални.

Подоцна се испоставило дека едно е родено со дијагнозата „дипигус“ и дека е во прашање просто грешка во развојот, кога телото се развива. Резултатот на тоа е дека е родена и со две карлици една до друга.

Со секоја карлица имала и сет нозе, еднос тапало од овој внатрешен „мал“ пар било малку „свиткано“.

Според медицинските досиеја и дневници кои ги пишувал нејзиниот лекар, Мертл Корбин можела да ги помера внатрешните нозе, иако не биле доволно силни за да на нив чекори, што било и неважно затоа што и онака не биле доволно долги да допрат до земјата.

 

 

Во 1882 година, кога имала 13 години Корбин започнала да настапува под името „Четвороножното девојче од Тексас“. Тоа се случило откако на заинтересираните соседи започнала да им наплаќа за да ги гледаат нејзините нозе, па на таткото му текнал идеален начин малку да заработи. Започнал да печати летоци на кои пишувал каде можат да дојдат да го видат девојчето.

Loading...

Промотивните летоци ја опишувале како нежно девојче кое зрачи како сонце. Станала неверојатно популарна, и многу скоро започнала да оди на мини турнеи. Посетувала и мали градови и места и настапувала за публика. Заработувала околу 450 долари неделно.

Тогаш во приказната се вплеткал познат бизнисмен, филантроп и политичар П.Т. Барнум, кој ја сместил во својата „флота“ на чудаци и необични луѓе. Четири години работела за Барнум и дури инспирирала и други циркуси на девојчињата да им ставаат лажни нозе затоа што поради договорот не можеле да дојдат до неа.

Со само 18 години, Мертл Корбин се повлекла од бизнисот. Го запознала лекарот Клинтон Бикнел и се вљубила. На 19 години веќе била во брак.

 

 

Година дена подоцна во 1887 година, открила дека е трудна. Првин се жалела на болки, температура, главоболка и недостаок на апетит. И покрај единствената анатомија, како што пишува „All that is interesting“, имала и два сета внатрешни и надворешни репродуктивни органи. Лекарите сепак биле убедени дека може да ја изнесе бременоста.

Но, во првиот обид работите тргнале на лошо и по првото тримесечје морала да направи абортус затоа што Мертл тешко се разболела. И покрај тоа, подоцна родила четири целосно здрави деца.

Loading...

Нејзиниот живот релативно бил нормален иако често е споменувана во медицинската литература. Таа тивко и повлечено живеела во својот дом во Тексас.

Починала во 1928 година, по воспаление на кожата предизвикано од стрептокока. Иако денес тоа антобиотиците без проблем би го решиле, тогаш тоа била сериозна дијагноза.

Била погребана на 6 мај 1928 година, а нејзиното гробно место е прекриено со цемент.

Членовите на семејствоот стоеле над гробот во смени додека цементот не се исушил целосно. Тоа било за да никому не му падне на памет да го ексхумира нејзиното тело, особено со оглед на тоа дека многу лекари нуделе големи пари за телото на „четириножното девојче од Тексас“.