Се реконструираат патни правци во неколку кумановски села (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Иако сме на чекор пред зимата, Општина Куманово не запира со градежните активности, па така деновиве се работи на асфалтирање на неколку локални патишта.

Loading...

Во тек е реконструкција на патот кој води кон селото Режановце, информираше градоначалникот Максим Димитриевски.

 

 

Паралелно со тоа веќе е поставен нов асфалт на патот кој минува низ селата Косматац, Мургаш и Новосељане.

 

Loading...

 

Во меѓувреме се работи и на паркинг просторот пред Соколана кој треба да стане фитнес зона, а денеска е започната изградба на тротоари на улицата „Братство Единство“.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за двајца кумановци, со тврди предмети претепале малолетник

Нов асфалт добива и улицата број „100“ која ги спојува булеварот „Октомвриска Револуција“ со улицата „Моша Пијаде“.

 

Loading...

Никола Ивановски