Се реконструира улицата „Народна револуција“ (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Улицата „Народна револуција“ денеска добива нов асфалт. Општина Куманово продолжува со проектот за реконструкција и летно одржување на улците во централното градско подрачје кој ќе опфати 48.000 квадратни метри крпење на дупките и реконструкција на улиците кои во текот на зимскиот период поради екстремно ниските температури беа многу оштетени.

 

Увид на работите на терен денеска направи градоначалникот Зоран Дамјановски кој потенцираше дека од проектот до сега се завршени околу 12.000 квадратни метри на местата каде оштетувањето беше најголемо.

Денеска е асфалтирање на улицата „Народна револуција“ во големина од 2.000 квадратни метри. Од тука се селиме на „Октомвриска револуција“ од раскрсницата со „Видое Смилевски Бато“ до „Митев Мост“ онаа трака каде имаме оштетување и небезбедност за сообраќајот. Потоа кај „Туш“, „Ѓорче Петров“ улицата, тоа се две следни локации каде ќе делуваме. Се надеваме по оваа динамика како што е започната за месец и половина најкасно до средина на август да биде завршено она што е предвидено со тендер за патна инфраструктура. Во моментот подготвуваме уште неколку улици кои се поголеми: улицата „100“ во населбата Карпош, тоа е улицата „Тоде Думба“, улицата „Тоде Мендол“, значи тоа се поголеми улици кои ќе бидат во следната тендерска постапка и со тоа ќе заокружиме некаде 65.000 квадратни метри комплетна реконструкција, што за ова година ќе биде видно подобрување за улиците во Куманово – изјави Дамјановски.

Паралелно со реконструкцијата на улиците се поставуваат и сообраќајни пречки со цел да се намали сообраќајното дивеење во градот, а да се зголеми безбедноста во сообраќајот. Паралелно со тоа се поставуваат и нови тротоари.

Куманово оваа година целата сила односно концептот на развојната програма го усмери во регулирање, односно реконструкција на сообраќајната инфраструктура, мислам дека добро беше прифатени од граѓаните, тоа беше една од поголемите проблеми и барања на граѓаните така да мислам санираме поголем дел од проблемите, ќе продолжиме со исто темпо, целиот тендер е околу 48 милиони денари, ќе биде целосно исполнет и мислам дека до крајот на година ќе биде финансиски затворен – додаде Дамјановски.

 

Во поглед на поплаките од граѓаните дека одбележувањето на хоризонталната патна сигнализација се одвива во часови кога има поголема фрекфенција на возила, Дамјановски вели дека со  Јавното претпријатие „Водовод“  забелешката е прифатена и се прават напори тоа да се прави во вечерните часови.

Тука имаме проблем со присуство на број на вработени, бидејќи тоа се вечерни часови кога не е присутен борјот на вработените, кои работат во две смени, мислам дека ќе се премости со заеднички договор, барем во овие два месеци кога ќе ја работиме хоризонталната сигнализација – истакна Дамјановски.

Целосно зацртаната програма со поставување на пешачките тротоари се очекува да заврши до крајот на јули.