Миа Флин од Велс се ларазбуди на 17 мај многу мамурна, откако претходната вечер испила три шишиња вино со еден пријател.
Она што го видела покрај себе го припишувала на таа голема количина што ја консумирала и мислела дека само нејзе и се причинува.
Во нејзиниот кревет, всушност, имало непознато куче кое само седело тивко и ја гледало. Не и било јасно од каде потекнува ниту кој го поседува, а кога го зела мобилниот телефон и ги погледна сите фотографии и видеа од синоќешната забава, сфатила дека тоа е кучето кое ја следело цело време додека таа одела дома.
„Бев кај еден пријател, испивме три шишиња вино, а утрово кога се разбудив бев шокирана. Непознато куче ме гледаше, мислев дека ќе ме нападне. Иако нормално сакам кучиња, ова беше навистина страшно“, рече Миа и објасни дека го снимила и објавила враќањето дома со кучето на „Снепчет“, а снимката исто така покажала ситуација кога и објаснувала на својата мајка зошто го донела кучето со себе.
Утрото, таа сподели фотографија од хаски на Фејсбук и го пронајде сопственикот, пренесува LADbible.
„И покрај тоа што сопственичката беше исплашен затоа што го изгубил кучето, моите објави ја насмеаа“, вели Миа на крајот.