Таша Мортон им пренесе на корисниците на ТикТок необичната ситуација со која се соочила.
Како што вели, нејзината мајка ја разбудила во паника, во 6 часот и и рекла дека непознат маж спие на затворената тераса пред нивната куќа.
Девојката го зела мобилниот телефон, отишла кај човекот, го разбудила и го прашала дали е свесен дека се наоѓа во туѓа куќа.
Тој рекол не, затоа што испил малку повеќе претходната вечер, ја барал неговата куќа и се изгубил.
Таша не морала многу да се расправа ниту имало непријатности, човекот станал, се извинил и веднаш си заминал.
Дали неговата приказна за алкохолот и загубата е вистинита, девојката и мајката не се баш сигурни затоа што на надзорната камера виделе дека претходната вечер тој прво се обидел да им влезе во автомобилот, а потоа решил да ја помине ноќта на терасата.
Не е познато дали тие презеле какви било мерки како пријавување во полиција, пренесува Мирор.
@tashasayshellowhat better way to do my first tiktok than to document my 6am ✨ trauma ✨