Се прошируваат гаражите на ТППЕ Куманово, доаѓа современо противпожарно возило

Loading...
Сподели со своите пријатели

Нови бекатон плочки се поставуваат пред просториите на Територијалната противпоаржна единица Куманово, а ќе се проширува и гаражниот простор.

– Пред просториите на ТППЕ се спроведуваат градежни активности за поставување на бекатон плочки пред влезот на ТППЕ и пред паркинг просторот. Се вршат активности и за проширување на гаражниот простор, во рамки на проектот за проширување на гаражите на ТППЕ, по што следува добивање на противпожарно возило со хидраулична скала, кое му е неопходно на градот, информираше градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

Реконструкцијата се спроведува во рамки на проект кој треба да овозможи прием и сместување на ново противпожарно возило со хидраулична скала, кое е дел од донација што Општина Куманово ја реализира во соработка со австриската покраина Тирол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово предлага да продолжи бесплатниот превоз, Советот одлучува утре

Како што информираше градоначалникот Максим Димитриевски, возилото е во одлична техничка состојба и се очекува да пристигне до крајот на годината.

– Станува збор за современо противпожарно возило со скала, идентично со она што Град Скопје го набави пред неколку години, чија вредност изнесува над 700.000 евра. Покрај него, очекуваме и уште едно адаптирано возило за интервенции на шумски пожари, изјави Димитриевски.

Loading...

 

 

Во рамки на соработката со Тирол, веќе е воспоставен контакт и за развој на доброволното противпожарно друштво во Куманово, кое, според градоначалникот, е веќе формирано и активно.

– Наши претставници веќе беа во Тирол, каде што разговаравме за поддршка на ова друштво и за идни обуки. Целта е нашите пожарникари да разменуваат искуства со нивните тиролски колеги, а дел од обучувањето ќе се реализира и во центарот во Осијек, изграден со поддршка од тиролската влада, додаде Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите ќе одат и до 38 степени!

 

 

Loading...

Реконструкцијата на капацитетите и набавката на новата опрема претставуваат дел од поширока стратегија за модернизација на ТППЕ Куманово и зајакнување на нејзините интервенциски можности.

 

Никола Ивановски