Се продава црн дијамант од 555 карати наречен „Енигма“ на аукција во Сотби

Сподели со своите пријатели

Црните дијаманти се исклучително ретки и обично се наоѓаат во Бразил или централна Африка. Нивните јаглеродни изотопи и високите нивоа на водород поттикнаа неколку теории за нивното космичко потекло, вклучително и дека тие настанале по удар на метеорит, дека пристигнале преку астероид или дека настанале по експлозија на супернова.

Во секој случај, Sotheby’s стави на аукција во Дубаи дијамант кој апсолутно остава впечаток на вонземјани. Црниот дијамант од 555,55 карати, чие потекло е „покриено со мистериозен превез“, се верува дека пристигнал на Земјата од вселената, а на аукција е претставен како „Енигма“.

 

 

Тој редок скапоцен камен, новинарите имаа можност да го видат во понеделникот, како дел од турнејата што вклучува постојки во Дубаи и Лос Анџелес, пред конечно да биде ставен на аукција во Лондон во првата половина на февруари оваа година.

Се очекува дијамантот на аукција да достигне цена од најмалку 6,8 милиони долари, пишува Асошиејтед прес.

Консултантот за накит на Sotheby’s, Софи Стивенс, истакна дека бројот пет има големо значење за овој дијамант, кој има и 55 површини.

Обликот на дијамантот се заснова на блискоисточниот симбол на палмата хамса, што значи сила и заштита, објасни Стивенс. Таа додаде дека хамса значи и број пет на арапски.

 

 

Има една убава тема со бројот пет што е поврзана со овој дијамант, заклучи Стивенс, а и самата верува дека овој дијамант најверојатно дошол на Земјата од вселената.

Веруваме дека карбонадо дијамантите се од вонземско потекло и дека пристигнале со метеорити кои ја погодиле Земјата и создале хемиска пареа или всушност дошле од самите метеорити, рече таа.