Бесплатните WiFi мрежи може да бидат одлична работа ако сакате да заштедите на месечната количина на интернет, но треба да бидете внимателни, голем број од нив всушност се замки кои можат да ве чинат многу од неколку потрошени мегабајти.
Исклучете го WiFi-то кога не го користите
Со исклучување на бежичната мрежа сте речиле три работи: батеријата на уредот ќе трае подолго, нема да може да се поврзете на лажна мрежа и ќе бидете поштедени од лавина напорни рекламни мејлови. Дополнително ниво на одбрана претставува екстензијата DoNotTrackMe, која на разни страници и услуги ќе го блокира пристапот на вашата моментална позиција.
Користете VPN
VPN, odnosno Виртуелна приватна мрежа пружа анонимност додека сте онлајн: веб страници кои ги посетувате ќе ја видат адресата на виртуелната мрежа, а не онаа која моментално ја користите. VPN, предупредуваме, е платена услуга која ќе ја успори вашата мрежа. Цената на услугата не е астрономска, а ако сте баш без пари, постојат и VPN-ови кои не наплаќаат ништо.
Не дозволувајте уредите да ја запаментат бесплатната мрежа
Поголемиот дел од смартфоните автоматски ќе ги запаметат хотспот мрежите во шопинг центрите или на места каде претходно сте се логирале. Лажните може да клонираат име на таа мрежа и да ве „уловат“ вас и вашиот уред кога ќе се обидете да се приклучите на легитимен хотспот. Цената? Вашите пари, идентитет и податоци.
Добро обрнете внимание на името на мрежата
Хакерите многу често користат имиња на мрежа кои се многу слични на оргиналот. Единствена разлика е што автентичните хотспот мрежи бараат некако вид на авторизација, додека лажните се целосно бесплатни. Пред следен пат да тргнете да се приклучите на хотспот, секогаш прашајте го келнерот или сопственикот за точното име на мрежата.
Инсталирајте антивирус
Ова е многу важно: секогаш, но буквално секогаш имајте ажуриран антивирусен софтвер. Постојат стотици начини вашиот уред да биде хакиран, а ваша задача е барем да бидете во тек. Вашиот антивирс ќе ве потсети да внимавате кога се приклучувате на лажни хотспотови.
Користете мрежа која од вас бара пристапување во два степени
Мрежата која не бара лозинка или не испраќа порака за потврда често е лажбна. За да бидете безбедни, бирајте хотспот кој пред поврзување ви испраќа СМС. Тоа ве штити вас и мрежата од криминалци кои прават опасни дупликати на бесплатните WiFi мрежи.