Се приближува до 7-та деценија од животот и може да го прескокне јажето со нога во уста (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сонг Хаиганг, 58-годишен кунг фу мајстор од Кина, стана извонреден гимнастичар.

Loading...

Може да скока со јаже додека ногата е во устата, може да го извртува телото до неверојатни граници и многу повеќе, и се започнало кога сакал да ослабне.

– Имам 58 години. Почнав да вежбам пред 7 години за да ослабам. Тогаш имав повеќе од 100 килограми. Изгубив 25 килограми за 3 години – изјави Сонг за Ruptly.

 

 

Одел чекор по чекор за да дојде до она што може да го направи сега и тврди дека најважната вежба е – Можеш да напредуваш само ако работиш напорно.

Сонг најмногу сака да вежба со јога партнери, бидејќи, како што вели, тогаш владее најдобрата атмосфера и тие секогаш си помагаат едни на други.

Loading...

– За време на пандемијата на коронавирус, претежно сите вежбаа дома. Кога трениравме надвор, држевме социјална дистанца. Пред короната, имавме огромна јога група и вежбавме сите заедно. Сега вежбаме во мали групи – објасни овој мајстор.

 

 

Настапите на Сонг станаа вирални на социјалните мрежи, а бројот на неговите следбеници се зголемува од ден на ден.

Погледнете што може да направи овој 58-годишник во видеото.

 

Loading...