Рано утринава, 50 минути по полноќ на крстосницата од регионалниот пат Куманово – Свети Николе и исклучок од автопатот во изградба Штип – Миладиновци, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(26) од Скопје, излетало од патот и се превртело на покривот во Кнежевска река, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Притоа, со тешки телесни повреди е здобиле сопатниците П.Ј.(25) од Скопје, А.М.(21) од Куманово и Х.И.(20) од Скопје. Со возила на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата во Штип, по што П.Ј. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, а останатите биле задржани на понатамошно лекување.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Свети Николе.