Пожарникарите во градот Верлу во западниот дел на Германија одговориле на необичен итен случај,откако се превртела цистерна на локална фирма која произведува течно чоколадо,а чоколадната маса се излеала на улицата.
– Тон чоколадо се излеало во дворот, а од таму на улицата, изјавил портпаролот на градската противпожарна служба, пренесува Ројтерс.
Пожарникарите ја затвориле улицата, а чоколадото е разлеано по површина од околу 10 квадратниметри. Пожарникарите со лопати ја собрале на една страна пред специјалната компанија за чистење да стапи во акција.

