Се преправала дека е лекар, успеала да ги измами сите: Работела во болница 8 месеци за време на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишна жена од Сиднеј, Австралија, наводно се преправала дека е лекар и работела во голема болница во градот осум месеци за време на пандемијата.

Loading...

Портпаролот на болницата во понеделникот рече дека откриле жена која не била регистрирана во Агенцијата за регулација на здравствените работници.

– Таа веднаш била отстранета од должност, по што болницата го предала случајот во полиција – се вели од болницата.

 

 

Жената, чие име не беше објавено, е предмет на полициска истрага, пренесува Индипендент.

Осомничената наводно се преправала дека е лекар во болницата од јануари до август 2021 година и за тоа време била под целосен „надзор“, објави 9News.

Loading...

Според извештаите на медиумите, жената наводно фалсификувала документи за да се вработи во болницата.

Во понеделникот, болницата ја прашале за документите, кои таа не можела да ги достави. Нејзините шефови во болницата веднаш повикале полиција.

Лекарите во болницата, наводно, биле шокирани од откритието, а локалните жители изјавиле дека пациентите биле загрозени на овој начин.

 

 

– Не може да ве третира некој што не е квалификуван за таа работа, се ставате себе си во опасност – додаде локалното население.

Владината анкета неодамна покажа дека повеќе од една третина или 38 проценти од Австралијците, кои ги загубија своите работни места на почетокот на пандемијата, биле под 25 години.

Loading...